All travel is now merely a means of moving a camera from place to place, all travellers are ruled by the all-powerful lens. Visitors old-fashioned enough to wish only to stand and look with their anachronistic eyes are shoved aside by the photographers, who take it for granted that while they do their ritual focusing, nothing else may move or cross their vision. Those peculiar souls without a camera must step aside for those more properly occupied, must wait while the rituals take place, and must bide their time while whole coaches stop and unleash upon the landscape the Instamatic God. And the populations of whole countries seeing themselves cannibalised, swallowed up, vacuumed into the black-ringed staring eye, wrench what they can from the cannibals. You want picture my house, my camel? You pay.
None of this would matter, perhaps, if anything worthwhile was being accomplished. If all the constant busyness and clicking produced, at its end, what had not existed before, images of beauty captured or truth told. But, sadly, this isn't so. The camera is simply graffiti made respectable.
The camera is the means by which we stamp ourselves on everything we see, under cover of recording the Wonders of the World already wonderfully
recorded by professionals and on sale at every corner bookshop and newsagent. But what use to show Aunt Maud, back home, postcards of the Tuscan landscape, since we are not in the picture to prove that we were there?
No stretch of rocks has verity unless I am within it. No monument exists
but for my wife, leaning against it. No temple is of interest without my face beside it, grinning. With my camera I appropriate everything beautiful, possess it, shrink it, domesticate it, and reproduce it on my blank sitting-room wall to prove to a selected audience of friends and family the one absolutely vital fact about these beauties: I saw them, I was there, I photographed them, and, ergo, they are.
from "Amateur Photography: the World as it isn't and our Fred" by Jill Tweedie in the Guardian | Денес патувањето претставува само начин на движење на фотоапарат од место до место, сите патници се управувани од семоќните леќи. Фотографите кои земаат сé здраво за готово додека го изведуваат своето ритуално фокусирање, и ништо друго не треба да се движи или да ја прекине глетката, ги туркаат настрана посетителите кои се толку старомодни што посакуваат само да стојат и да гледаат со своите несинхронизирани погледи. Оние необични души без фотоапарат мора да се потргнат настрана поради оние кои се подобро опремени, мора да чекаат додека се изведуваат ритуалите, мора да чекаат да дојде време за да се крене понатаму, додека сите автобуси застануваат и го ослободуваат над пејсажот фотоапаратот Кодак – Инстаматик. И населенијата на цели држави гледајќи се себеси канибализирани, проголтани, вшмукани во црното-округло, ширум отворено око, гледаат да извлечат сé што можат од дивјаците. Сакате да ја фотографирате мојата куќа, мојата камила? Платете.
Ништо од ова не би пречело можеби, ако сé што вреди веќе не е постигнато. Доколку сета постојана зафатеност и кликнување, како крајна цел, произведува нешто што претходно не постоело, доловени слики на убавина или кажана вистина. Но, за жал, ова не е така. Фотоапаратот е едноставно величење на графитите.
Фотоапаратот е средство со кое ние се ставаме себеси на сé што ќе видиме, под изговор дека ги овековечуваме Светските чуда веќе прекрасно овековечени од професионалци и ставени на продажба во секоја книжарница или трафика на аголот. Но каква корист од тоа кога ќе се вратиме дома и на тетка Маре и покажеме разгледница од пејзажот на Тоскана, ако ние не сме на сликата за да докажеме дека сме биле таму?
Ниту една карпа не е вистинска ако јас не сум на неа. Ниту еден споменик не постои доколку мојата сопруга не е потпрена на него. Ниту еден храм не е интересен без мојот насмеан лик покрај него. Со мојот фотоапарат јас присвојувам сé што е убаво, го поседувам, го смалувам, одомаќинувам и го поставувам на празниот ѕид во дневната соба за да докажам на одбрана публика од пријатели и блиски роднини еден апсолутно важен факт за овие убавини. Јас ги видов, јас бев таму, јас ги фотографирав, и, еве ги овде.
од „Аматерска фотографија“: светот каков што не е и нашиот Фред“ од Џил Твиди, Гардиан
|